Дојде живот за Енис Барди во Леванте (ФОТО)

by
2 минути читање

Претстојнава сабота
Леванте гостува кај Гетафе во 28 коло од шпанската Примера, а според
информациите кои ги пренесуваат дел од тамошните медиуми, се шпекулира дека
конечно, од овој натпревар па натаму, ќе можеме да го гледаме нашиот
репрезентативец Енис Барди во стартниот состав на тимот од Валенсија.

Барди имаше одличен
старт во новата сезона со Леванте од каде премина од редовите на унгарски
Ујпешт, но потоа се пресели на клупата за резервни фудбалери, а на одредени
натпревари дури и на трибинскиот простор.

Но, Лопез Муниз е веќе
минато за Леванте откако клубот му врачи отказ поради лошите резултати во
изминатиот период, па на клупата седна неговиот доскорашен асистент Пако Лопез.

Под насловот „Нов живот за Енис Барди“, локален медиум во Валенсија најавува дека Лопез го враќа нашиот
репрезентативец на терените, па дуелот со Гетафе претстојниов викенд ќе биде
нов почеток за Македонецот, барем така се најавува.

Нема дилеми дека на
Леванте ќе му претстои голема битка за опстанок во шпанската фудбалска елита,
откако тимот од Валенсија падна на последното место кое обезбедува опстанок во
моментов (17) со 21 бод, бод повеќе од Лас Палмас кој се наоѓа во зоната за
испаѓање.

 

Извор: valencia.eldesmarque.com

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани