433
Спортскиот
директор на Фламенго, Карлос Новал потврди дека постојат преговори со Милан за
Лукас Пакета, тој тврди дека се уште не е финализиран договорот, но, додава
дека тоа може да се заврши за околу две, а можеби и повеќе седмици.
„Се уште немаме
постигнато договор со Милан и преферираме да зборуваме само за работи кои ги
имаме договорено“ вели Новал.
„Ние разговараме,
преговорите се во тек, но, тие се уште не се финализирани, мислам дека се’
ќе биде финализирано во две седмици,
можеби неколку седмици“ додаде тој.
Висината на
трансферот за која се шпекулира дека би изнесувала 35 милиони евра би го
направила трансферот на Пакета како најскап трансфер од Бразил во Серија А.