Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике им честиташе на фудбалерите на Интер за тоа што достоинствено го поднеле тешкиот пораз во финалето во Лигата на шампиони, па затоа им аплаудирал во моментот кога неговите играчи го креваа трофејот.
„Светците“ се радуваат на првиот трофеј во Лигата на шампиони откако синоќа со Минхен го совладаа Интер со убедливи 5-0.
На теренот имаше големо славје, а Луис Енрике со еден свој гест привлече големо внимание. Додека фудбалерите на ПСЖ го креваа трофејот, тренерот им аплаудираше на фудбалерите на Интер.
„Морам да ви го објаснам ова, по крајот на натпреварот се случи сцена која ретко може да се види во финале. Имам огромни пофалби за Интер, сите играчи и целиот персонал остана на теренот, и со почит чекаше додека ние славевме. И покрај тоа што болката по поразот е огромна, тие решија да останат. Мислам дека ова е една одлична лекција за сите деца, во животот но и во фудбалот, понекогаш победувате, а понекогаш губите. Сите знаат како треба кога победуваат, но не сите знаат како треба кога губат. Мислам дека најголемиот дел од луѓето знаат како треба само кога победуваат. Не, треба да покажете почит кон противникот и кога губите, како што Интер го направи тоа. Па сакам да им се заблагодарам за ова што го направија“ – вели Луис Енрике.