Давиде Балардини им донесе опстанок на Џенова минатата сезона, а оваа солидно ја почна. Во моментов тимот на Пандев е на 11. место на табелата и има три победи на последните пет меча.
Но, на претседателот Енрико Преѕиоси не му се допадна поразот од 3-1 од Парма на домашен терен, па реши да направи тренерска промена. Балардини доби отказ.
На негово место се враќа Иван Јуриќ кој веќе еднаш добиваше отказ и беше враќан на клупата на Џенова.
Јуриќ прв пат стана тренер на Џенова во 2016, а во февруари следната година доби отказ, но само два месеци подоцна повторно беше вратен на тренерската позиција, па подоцна повторно беше отпуштен. За две години тој по трет пат седнува на клупата на Џенова.
За Пандев е добро што и Иван Јуриќ има доверба во неговите квалитети.