Во Англија се игра голем турнир за играчи до 23 години, „Премиерлига интернационален куп“ кој беше воведен пред неколку години а на кој учество земаат големите англиски и европски клубови.
Во денешното полуфинале Арсенал на пенали го победи Виљареал. Мечот во регуларниот дел беше 2-2 по што се премина на изведување на пенали. Првите три серии беа реализирани и од двете екипи, а потоа на сцена стапи македонскиот голман Дејан Илиев кој одбрани пенал кој се покажа за клучен. Македонецот го однесе Арсенал во финале.
До полуфиналето меѓудругите Арсенал го победи Порто кој е шампион од минатата сезона, а триумфираше и против Баерн Минхен.
Во второто полуфинале играат Њукасл и Порто, па португалскиот тим може повторно да се сретне со Арсенал, овој пат во финалето.