Добри вести за
„Сицилијанците“ во пресрет на новото коло од Серија А, првиот стрелец на тимот,
Илија Несторовски ќе биде во комбинација за средбата со Торино.
Палермо вчера
соопшти дека играчот се пожалил на повреда на листот на ногата, тренирал под
посебен режим, па под знак прашалник беше ставен неговиот настап во недела.
Сепак, тренерот
Диего Лопес попладнево соопшти дека се е во ред со Македонецот.
„Несторовски се
чуствува добро, имаше повреда на листот на ногата, но денеска тренираше со
преостанатиот дел од тимот” – рече Лопес на прес конференцијата.
„Нема никаков
проблем, ќе игра против Торино”.
Диего Лопес потоа
беше запрашан да направи споредба помеѓу Несторовски и првиот голгетер на
Торино, Андреа Белоти, кој две сезони го носеше дресот на Палермо.
„Се работи за
двајца различни играчи. Белоти е младо момче кое забележа голем прогрес и го
заслужи успехот кој го доживеа”.
„Работи напорно
кога ја нема топката и знае што треба да прави на теренот”.
„Квалитетите на
Белоти се различни од оние на нашиот напаѓач, но Несторовски е одличен и
постигнува погодоци”.
„Јас би го одбрал
Несторовски, се надевам дека тој ќе испадне како победник во дуелот во недела”.