До вчера тој го правеше тоа но сега Мурињо вели: Тие што анализираат преку статистика не се разбираат од фудбал

by
1 минути читање

Поразот на Манчестер јунајтед значи дека тие се еднакво далеку од првото место во Премиерлигата колку што се далеку од Кардиф кој е во зоната за испаѓање.

Поразот од 3-1 исто така значи дека Манчестер јунајтед отиде во негативна гол разлика, додека голот на Ентони Марсијал од пенал беше нивниот единствен шут во рамките од голот на Етихад.

Мурињо неколку пати на новинарите им држел лекции со статистика за да докаже дека е во право, но сега кога тие ги вадат овие податоци, тој вели дека тие не се разбираат од фудбал.

„Не можете денешниот натпревар да го анализирате со статистика. Луѓето кои не разбираат фудбал анализираат со статистика“, вели Мурињо.

„Јас не анализирам со статистика, туку со тоа што го чувствувам и го гледам во натпреварот во кој бевме во игра до 80. минути“.

„Перформансот на мојот тим го гледам како игра со грешки, а тоа е различно од лош перфроманс. Една работа е лош перформанс, друга работа е перформанс со грешки“.

„Направивме грешки и бевме казнети за тие грешки, но перфромансот, менталитетот, заедништвото, вербата, борбата до самиот крај беше нешто позитивно на овој меч, нема да го загубиме тоа поради овој пораз“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани