Во светот на фудбалот се вртат многу пари, но само за оние кои знаат да работат. И додека нашите клубови остануваат без своите таленти за ситни пари, Динамо Загреб покажува како се прават милиони. „Модрите“ редовно продаваат играчи за десетици милиони евра и се клубот кој најдобро работи на Балканот.
И не само тоа, успеваат да привлечат таленти дури и од најсилните клубови во Европа.
Пред седум години, Динамо го убеди Дани Олмо дека му е подобро да замине од акдемијата на Барселона и да се пресели во Загреб. Ова се покажа како полн погодок, фудбалерот од средниот ред блесна на Максимир и добрите игри му донесоа настап во репрезентацијата на Шпанија и трансфер во редовите на РБ Лајпциг.
Динамо Загреб сега има нов случај „Олмо“ и успеа да ангажира голем талент на Милан. Станува збор за 16 годишниот Матеа Тонон, капитен на кадетите на „росонерите“.
Голем број на извори од Хрватска пренесуваат дека момчето потпишано за „модрите“ и Сан Сиро ќе го замени со Максимир.