Динамо Загреб: Адеми и Бјелица децидно одбија намалување на платите

by
1 минути читање

Поради финансиската криза која ја носи коронавирусот, клубовите ги намалуваат платите на своите играчи со цел парите да ги распределат на сите вработени и кризниот период да заврши без откази за луѓето кои работат во клубот.

Македонскиот репрезентативец кој е капитен на Динамо Загреб, не се сложил да им бидат намалени платите на фудбалерите. Ист став имал и тренерот Бјелца на кој синоќа му беше отпуштен целиот стручен штаб.

„Први кои ги информиравме за мерките беа главниот тренер на Динамо, г-дин Ненад Бјелца, тој во телефонски разговор (бидејќи не е во Хрватска) децидно ги одби мерките. Исто и со Аријан Адеми прво стапивме во телефонски контакт, а потоа на состанок во клубот го информиравме капитенот кој беше и со некои други претставници на играчите од првиот тим. Во текот на состанокот, а потоа и телефонски тој ги одби мерките“, стои во дел од соопштението на Динамо Загреб.

Хрватскиот клуб информираше и дека за разлика од фудбалерите и тренерот, останатите вработени во клубот се согласиле на намалување на платата. Раководството на клубот платата си ја намали за 60%. Мерката треба да трае во наредните шест месеци.

Клубот се надева дека фудбалерите и тренерот ќе се предомислат и во наредните денови ќе се дојде до решение.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×