216
Атлетико Мадрид и Диего Коста ќе се разделат порано отколку што се очекуваше. Според „АС“ фудбалерот побарал да си оди во јануари поради фамилијарни причини.
Диего Симеоне има доволно опции во нападот во моментов, па клубот ќе му излезе во пресрет на Диего Коста.
Според новинарот Фабрицио Романо, Диего Коста е контактиран од клубови од Кина и Бразил. Се уште е нејасно каде ќе ја продолжи кариерата.