Ѕвездата на
Јувентус, Пауло Дибала бил до толку близу до заминување од Јувентус што дури
снимил и збогувачко видео, сево ова доаѓа по информациите кои ги објави „Газета
дело Спорт“.
Откако стана
јасно дека Гонзало Игуаин нема намера да го напушти италијанскиот првак, од
таму се обидоа да добијат „финансиска инјекција“ со евентуална продажба на
Аргентинецот, меѓутоа во тие намери не успеаа, а Дибала на крајот остана во
Торино.
Тотнем и
Манчестер јунајтед беа екипите кои се наведуваа како најсериозни претенденти за
потписот на Дибала, а „Газета“ тврди дека Тотнем била екипата која била
најблиску до Аргентинецот.
Преговорите
помеѓу обете страни достигнале такво ниво што дури самиот Дибала снимил и
збогувачко видео до фановите на Јувентус, како и општо гледано целиот клуб, а
истото требало да биде објавено веднаш штом договорот биде официјализиран.
Како и да е, 26
годишниот фудбалер наводно се одлучил да остане во Торино, исто како Игуаин, за
да докаже дека се уште може да игра на нивото кое од него го бара клуб од
калибарот на „Старата дама“.
Во меѓувреме
Дибала запиша 17 настапи сезонава во дресот на Јувентус, во кои на 13 меча од
истите беше и стартер, постигна пет погодоци, а дополнително реализираше и шест
асистенции.