Дибала му пресуди на Милан од белата точка во 97. минута (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Росонерите“ беа
на добар пат за прв пат да избегнат пораз на „Јувентус Арена“, но
„Бјанконерите“ во самата завршница стигнаа до нова победа.

Домаќините беа
подобар противник во првиот дел, креираа неколку шанси, а резултатот го отвори
Бенатија по поливина час игра.

Кон финишот на
првиот дел, Милан од својата прва шанса погоди преку Бака за 1-1.


Јувентус имаше
неколку добри шанси за погодок во вториот дел, но лошиот финиш и одличниот
Донарума придонесоа резултатот да остане непроменет се до судиското
надоплнување.

Де Шиљо несреќно
играше со рака па судијаа покажа на белата точка. Сигурен реализатор на најстрогата
казна беше Дибала во 97. минута за победа на „Старата Дама“ од 2-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани