Дибала лајкна една објава за одлуката на Пирло да го изостави, па брзо се попишмани (ФОТО)

by
1 минути читање

И повеќе од јасно
е дека Пауло Дибала беше револтиран од одлуката на Пирло да не му даде прилика
за настап синоќа на гостувањето кај Кротоне, а шефот на стручниот штаб на „Старата
дама“ по мечот се правдаше дека Аргентинецот треба да се смири, а неговото
време ќе си дојде.

Како и да е,
ѕвездата на Јувентус откако побара објаснување лично од директорот Фабио
Паратичи за причините зошто не игра, не мируваше ниту на социјалните мрежи, па
јасно е дека ситуацијата со него не е баш добра во клубот.

На Дибала му се
допадна една објава во која одлуката на Пирло да не му укаже прилика за настап
се наведува како погрешна, меѓутоа брзо потоа Аргентинецот го реактивираше тој
потег на социјалните мрежи, меѓутоа истиот брзо беше регистриран од јавноста.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани