ПСЖ има едно гајле помалку за следната сезона, Анхел Ди Марија ја продолжи соработката. Аргентинецот стави потпис на едногодишен договор со опција да остане во Париз додатни 12 месеци.
Сега останува да се реши иднината на Нејмар и Килијан Мбапе но и да се убеди Лео Меси дека „Паркот на Принцовите“ е правото место за продолжување на кариерата.
Последните информации велат дека раководството на ПСЖ е прилично оптимистички расположено и верува дека нивната понуда, како на економски план така и на спортски, е далеку подобра од онаа на Барса.
Наводно фудбалер од таборот на „светците“ по дуелот со Барса во средата, во соблекувалната изјавил дека ова е последен пат што Лео Меси ќе им биде противник.
Анхел Ди Марија исто така е еден од играчите кои најмногу агитираа за преселба на напаѓачот во Париз, неодамна тој изјави: „Сонувам да играм со Лео Меси во ист клуб“.