Ерлинг Халанд е желба на многу клубови, се верува дека напаѓачот има откупна клаузула од 75 милиони евра, што го прави дополнително привлечен за гигантите.
Според новинарот Џанлука Ди Марцио, Ерлинг Халанд преферира трансфер во Шпанија а не во Англија. Трансфер експертот на Скај исто така открива дека Реал Мадрид е прв избор на напаѓачот.
„Премиерлигата е голем чекор за сите фудбалери доколку сакате да станете еден од најдобрите напаѓачи во светот. Но на Халанд не му се допаѓа толку многу Премиерлигата, смета дека таа не е идеално првенство за него. Тој ја преферира Ла Лига, многу му се допаѓа Шпанија“ – вели Ди Марцио.
„Премиерлигата е сон на секој фудбалер но во моментов не е во мислите на Халанд и не е негов прв избор. Не знам која е причината, бидејќи секој фудбалер сака да игра во Манчестер јунајтед или Челси“.
„Кога неодамна Челси се обиде да го ангажира, тој не притисна за трансфер бидејќи мисли дека Реал Мадрид или Барселона се клубовите во кои треба да се пресели“.
„Во Шпанија, само Реал и Барса се опција, нема шанси да се пресели во Атлетико“.
„Веќе му кажа на агентот да се обиде да договори трансфер во Реал. Доколку не успее, втори на списокот се Барселона. Доколку и оваа опција отпадне, потоа следат Челси, Манчестер јунајтед итн“.