Од таборот на
Гремио синоќа негираа дека добиле понуда од Наполи за услугите на Евертон, но
медиумите од Италија продолжуваат да шпекулираат на оваа тема, според Спортмедиасет,
начелно е постигнат договор односно претседателот на „триколорите“ кажал ДА.
Наполи успеал да
постигне договор благодарејќи на девизниот курс. Едно евро во моментов вреди 6,25
бразилски реали, додека пак во јануари, едно евро беше околу 4,5 бразилски
реали.
Па понудата од 25
милиони евра сега изнесува околу 156 милиони реали, односно за речиси 40%
повеќе од зимскиот преоден рок (112 милиони реали).
Сега останува уште
Евертон да прифати преселба во Неапол, офанзивниот фудбалер го чека четиригодишен договор и плата
од 4 милиони евра по сезона. Тој побарал малку време да размисли, и да одлучи
дали Сан Паоло е правото место за почеток на авантурата во Европа.