Денешното финале со посебни емоции за Хуан Мата

by
0 минути читање

Фудбалерот од средниот ред на Јунајтед, Хуан Мата во четвртокот отпатува дома, во Шпанија откако му беше јавено дека неговиот дедо починал.

Од тие причини Мата не отпатува заедно со своите соиграчи во Лондон, но доцна во текот на вчерашниот ден им се приклучи откако бил погребан неговиот дедо.

Од овие причини денешното финале од Лига Купот ќе биде посебно емотивно за Мата кој сигурно ќе сака да победи а триумфот да го посвети на дедото.

Финалето помеѓу Манчестер јунајтед и Саутемптон се игра со почеток од 17:30.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани