99
Денеска се одиграа два натпревари од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), двата завршија со идентични победи на гостите, Струга со 2-0 ја победи екипата на Македонија Ѓорче Петров, со истиот резултат Тиквеш го совлада Работнички.
Резултатот во Ѓорче Петров беше отворен во 32. минута кога дебитантот Рочи погоди за водство на стружани од 1-0.
По 15 минути игра во второто полувреме Струга доби пенал кој во гол го претвори Компаоре за победа од 2-0.
Тиквеш ја продлабочи кризата на Работнички откако славеше со 2-0. Двата гола беа постигнати во второто полувреме, а стрелци беа Миловановиќ и Стојкоски.
Работнички имаше шанса да се врати, но Асани не реализираше пенал.