Усман Дембеле не успеа да испише историја, откако Франција беше елиминирана од Шпанија во полуфиналето на Светското првенство со 2-0.
Актуелниот освојувач на Златната топка не успеа да стане првиот фудбалер кој како носител на ова признание ќе ја освои и светската титула и поразот од Шпанците ја продолжи необичната традиција која трае со децении.
Пред Дембеле, во полуфиналето како актуелни добитници на Златната топка застанаа и Еузебио во 1966 година и Мишел Платини во 1986 година. До финалето стигнаа Џани Ривера (1970), Јохан Кројф (1974), Карл Хајнц Румениге (1982), Роберто Баџо (1994) и Роналдо (1998), но ниту еден од нив не успеа да го подигне трофејот.
На листата се и Лионел Меси и Кристијано Роналдо. Аргентинецот како освојувач на Златната топка испадна во четвртфиналето на Мундијалот во 2010 година, додека Португалецот беше елиминиран во групната фаза во 2014 и во осминафиналето четири години подоцна, па ниту тие не успеаа да го прекинат ова „проклетство“.