Дембеле му објаснил на Жунињо зошто сака да си замине од Лион

by
0 минути читање

Атлетико Мадрид се очекува во јануари да го купи Муса Дембеле од Лион. Самиот напаѓач побарал да го промени клубот.

„Муса дојде да ме види. Тој смета дека сега е моментот да го промени тимот, вели дека загубил дел од мотивацијата“, открива Жунињо.

„Ова е нешто што не го очекувавме. Ми се допаѓа многу, но да задржувате некој кој сака да си оди и не би играл во најдобра форма во наредните месеци, не е добро“.

„Во преговори сме со Атлетико и мислам дека тој веќе и ги договори личните услови со нив“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×