Деле Али нервозно го напушти теренот, Мурињо му порача: Треба да креираш шанси за нас, а не за противникот!

by
1 минути читање

Деле Али подолго
време е во недоразбирање со Жозе Мурињо и се говори за негово заминување во
зимскиот преоден рок. Англичанецот денеска доби шанса од првата минута против
Стоук ви Лига купот, но фудбалерот
од средниот ред не ја искористи најдобро.

На стартот од вториот дел една негова
грешка придонесе Стоук да изедначи на 1-1. Десетина минути подоцна тој беше
повлечен од игра, тоа не му се допадна и нервозно го напушти тренерот.

По крајот на
натпеварот, Жозе Мурињо го впери прстот во Деле Али и рече: „Играч кој игра на
неговата позиција е играч кој треба да биде врска и да креира шанси а не
проблеми за својот тим. Поради негова грешка, противникот направи контра и
постигна гол“.

„Стоук стигна до
посакуван резултат во момент кога го контролиравме натпреварот, па да, бев прилично вознемирен“. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×