Милан се врати во
топ четири на табелата откако попладнево пред своите фанови стигна до победа во
дуелот со Парма.
Популарните „млекари“ на почетокот од сезоната го изненадија Интер, и гостите
се заканија дека одново ќе се радуваат во Милано откако стигнаа до предност на
стартот од вториот дел.
По еден корнер,
Инглесе скокна највиско на првата статива и го совлада Донарума за 0-1. Но само
пет минути подоцна Милан изедначи, Кутроне одлично се снајде и од тежок агол
погоди за 1-1.
Домаќините во 71.
минута направија комплетен пресврт откако еден од фудбалерите на Парма во
сопствениот шеснаесетник прими топка како вo одбојка, па судијата со помош на
ВАР покажа на белата токча а Кеси прецизно ја изведе најстрогата казна.