„Дебелкото“ од Сатон доби понуда за нова работа, да биде дегустатор на пити!

by
2 минути читање

46 годишниот
резервен голман на Сатон оваа недела ги дочека своите пет минути слава откако
јадеше пита покрај аут линијата за време на дуелот со Арсенал во ФА Купот.

Но целата
приказна имаше тажен крај, обложувалницата Сан Бетс имала коефициент 9 за тоа
дека Вејн Шо ќе јаде пита пред камера, а голманот потврди дека знаел за ова и
откри дека неговите пријатели се обложиле.

Па ФА и
комисијата за коцкање покрена истрага а Вејн Шо беше приморан да си поднесе
оставка.

На негова адреса
сега пристигна понуда за нова работа, еден од најголемите ланци на супермаркети
во Британија, Морисонс сака да го ангажира Вејн Шо.

Тие сакаат да го
направат „дебелкото“ од Сатон дел од нивниот тим на дегустатори на пити.

„Постојано сме во
потрага на најдобрите таленти да ги пробуваат нашите пити и да се погрижиме
дека тие се полн погодок
– велат од Морисонс.

„Она што Вејн го
направи против Арсенал го смести помеѓу најпознатите стручњаци во
земјата
.

„Навистина сме
импресионирани од неговата посветеност кон јадењето пита, и разбираме дека
добра пита е најдобриот начин да се загреете за секоја пригода, дури и за
најголемата вечер во вашата фудбалска кариера
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани