Дебакл на Манчестер јунајтед, Тотнем шест пати им ја тресеше мрежата на Олд Трафорд! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Тежок, многу тежок пораз за Оле Гунар Солшер и Манчестер јунајтед, Давид Де Хеа дури шест пати ја вадеше топката од својата мрежа.

Натпреварот почна спектакуларно, уште по 30. секунда Манчестер јунајтед доби пенал по фаул врз Марсијал. Фернандеш погоди за водство од 1-0.

Но само пет минути подоцна Тотнем водеше, Ндомбеле во четвртата минута израмни на 1-1, а Сон во седмата погоди за комплетен пресврт и предност од 2-1.

Во 28. минута се случи контроверзен момент, Марсијал престрого беше исклучен по еден дуел без топка со Ламела. Аргентинецот прв го удри французинот, но играчот на Јунајтед го извлече подебелиот крај од судијата Тејлор.

Две минути подоцна Хари Кејн по асистенција од Сон постигна за водство од 3-1, веќе беше јасно како ќе се одвива мечот.

Во 37. минута нов гол на Сон, тимот на Мурињо имаше предност од 4-1 по првото полувреме.

Во второто полувреме Тотнем го намали темпото, но и покрај тоа постигна уште два гола, Орие погоди за 5-1, а конечните 6-1 ги постави Хари Кејн од пенал.

Тешки денови за фановите на Манчестер јунајтед, во два натпревари на Олд Трафорд примија дури девет голови, нивниот тим освои само три бода од три кола со гол разлика од 5-11.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани