Матијс де Лихт е
еден од најголемите таленти во светот на фудбалот, а тој е голема желба на
европските гиганти, меѓу кои и Јувентус, италијанскиот првак води голема битка
со Барселона за потписот на 19 годишниот холандски дефанзивец, а се чини сега
има дополнителна мотивација да оди до крај во битката.
Говорејќи за „Мундо
Депортиво“, Де Лихт посочи дека му е чест што големите клубови пријавиле
интерес за неговите услуги, а сега ќе може да размисли околу својата иднина.
„Ова беше
спектакуларна сезона за мене и мојата екипа, големите клубови се заинтересирани
за мене? Тоа е чест за мене, сега ќе можам да размислам за тоа и да донесам
одлука околу мојата иднина“ рече Холанѓанецот а притоа додаде дека ‘можеби сега не е време за Барселона’, нешто што сигурно го вклучи алармот во
Јувентус, екипа која заедно со Каталонците се чини дека се водечки во битката
за неговиот потпис.
„Парите не се
важни, за мене важно е да играм во екипата на која ќе и се приклучам,
Барселона? Би било убаво да играм заедно со Де Јонг, но морам да мислам на
себе. Не знам кога би ја донел одлуката, имам време за тоа, можеби сега не е
време за преселба во Барселона“ заклучи Де Лихт кој доби совети од Кристијано
Роналдо да се пресели во Торино, што воедно беше и потврдено од самиот
фудбалер.