Де Лихт: Ова е кошмар, бевме толку блиску до финале, но…

by
1 минути читање

Ајакс со победа од 1-0 остварена во Лондон го почна денешниот меч против Тотнем на свој терен. По првиот дел водеа со 2-0 и на крајот не се пласираа во финалето од Лигата на шампионите. За судбината да биде уште посурова кон нив стои фактот дека решавачкиот гол го примија во 95. минута.

„Ова е кошмар, како сон кој завршува лошо“, вели 19-годишниот Де Лихт кој иако е тинејџер е капитен на Ајакс.

„Одигравме добро прво полувреме, се одеше на нашата страна. Но не продолживме со истиот притисок и во второто полувреме“.

„Примивме глупави голови. Бевме толку блиску до финале…а потоа топката почна да влегува во нашата мрежа. Неверојатно“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани