Помина жалбата на Наполи, па одлуката за службен пораз од Јувентус беше укината и натпреварот ќе се игра дополнително.
Пред неколку дена Андреа Пирло ја прокоментира одлуката, тој рече дека не е проблем да го одигра мечот со Наполи, но жал му е за оние тимови кои беа во полоша состојба, а мораа да ги играат мечевите.
Сега претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис го враќа ударот.
„Пирло треба да се држи до тренерската работа“, вели Де Лаурентис.
„Претставниците на клубовите и портпаролите треба да ги коментираат правилата. Пирло го кажа тоа што секој тренер би го кажал за да го одбрани својот клуб. Како и да е, тој не е адвокат, не ги знае процедурите кои водат до ова правило. Погрешната одлука на Фудбалската федерација на Италија беше променета. Мислам дека тоа што се случи е принципиелно со еднаквоста и правноста“.