Де Лаурентис: Медиумите го мразат Наполи, тие се во „џебот“ на клубовите од северот

by
1 минути читање

Синоќа во прекрасен амбиент на Сан Паоло, Наполи загуби од Реал Мадрид со 3-1, идентично како во првиот дуел, но овој пат Де Лаурентис нема замерки за тренерот и играчите.

„Доживеавме идентичен пораз како во Мадрид, но сега не постои тоа разочарување. Во првото полувреме дадовме се од себе, но Реал е Реал. Навивачите беа фантастични, гостите можеа да воодушевуваат на целиот амбиент, а добро ги дочекавме со нашите кулинарски специјалитети кои се најдобри во светот“ – изјави Де Лаурентис за „Медиасет“.

Првиот човек на Наполи истакна дека навивачите покажале емоции и дека се работи за луѓе кои веќе со децении патат заедно со својот фудбалски клуб.

„Тоа никогаш не било спорно. Како и фактот дека секогаш за тренерот Сари сум зборувал како за голем стручњак. А по овој меч сметав дека екипата не делуваше доволно мотивирано за толку важен меч. Но, италијанските медиуми се робови на оние клубови од северот и сите по ред ме мразат, па единствена цел им беше да направат недоразбирање, не им беше гајле што навистина сакав да кажам. А изгледа и им успеа бидејќи само неколку дена подоцна загубивме од Аталанта. Но потоа се вративме со победа над Рома. А Јувентус, Милан и Интер отсекогаш во својот џеб ги држеле луѓето од Газета дело Спорт, така да овој весник активно го мрази Наполи“.

„Ако видите што се случува на останатите стадиони, не гледате дека Италијаните се бунат кога нас ни пеат „Везув да се активира и да ве однесе со својата лава“. Јас такво нешто никогаш не би им посакал на луѓето од Торино. Сакам нивните навивачи да пораснат и да бидат културни, на ова ниво на кое да речеме беа Наполитанците вечерва“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани