Вечерва се првите
реванши од осминафиналето во Лигата на шампионите. Реал Мадрид на Сантијаго
Бернабеу ќе се обиде да ја доврши работата откако со 1-2 славеше во Амстердам,
но Ајакс нема да пристигне со бело знаменце и ќе се обиде да приреди сензација.
Еден играч има
мотив плус, тоа е Френки де Јонг, кој од следната сезона ќе го носи дресот на
Барселона. Младиот Холанѓанецот сега ја загрева атмосферата и открива дека
„каталонците“ го замолиле да го елиминира Реал Мадрид од Лигата на шампионите.
„Кога го потпишував договорот со Барса, многумина ми рекоа, „дај го најдоброто
од себе за да го елиминираш Реал Мадрид!“, тоа би било одлично за Барса“ – вели Де
Јонг.
„Тие се големи
фаворити, играат дома а победија и во Амстердам. Исто така имаат четири титули
во последните пет години. Но се може да се случи и ние треба да одиграме
офанзивно, да притскаме и да не се плашиме. Доколку сите одиграат на ниво,
имаме доволно квалитет да приредиме изненадување. Доколку го елиминираме Реал,
тоа ќе биде голем потрес во светот на фудбалот, ќе го вратиме името на Ајакс на
картата“.
Реал е во мала
криза откако во четири дена два пати загуби од лутиот ривал Барселона, и остана
без битка за две титули.
„Го гледав „Ел
класико“ дуелот во саботата, но не за да го анализирам Реал Мадрид, едноставно
уживав во фудбалот како обичен фан од мојот кревет“.