Холанѓанецот го
превзеде кормилото на „Нероаѕурите“ во август непосредно пред стартот на новата
сезона, но неговата авантура во Милано траеше кратко.
По низа лоши резултати, и серија од
четири порази, Интер му врачи отказ на стратегот во ноември.
Во разговор со
Дејли Мејл, Франк де Бур сега проговори за хаосот на Џузепе Меаца.
„Во Интер требаше
да се справувам со многу работи надвор од теренот, кои немаа никаква врска со
фудбалот” – вели Де
Бур. „Губев премногу енергија на ова”.
„Во Милано бев
само три месеци, но искрено, ми се чини дека беше една година”.
„Секогаш кога ќе
си помислев, „Конечно добар резултат, сега се ќе биде подобро“ се случуваше
нешто”.
„Мауро Икарди
влезе во конфликт со ултрас навивачите поради автобиографијата, а Марсело
Брозовиќ се забавуваше во дискотеки до раните утрински часови па морав да го
казнам”.