Ѕвездата на
Манчестер Сити, Кевин Де Брујне наиде на проблеми за време на интернационалната
пауза каде се здоби со повреда во второто полувреме во поразот од Англија со
2-1.
Со тоа, Белгиецот
е вон комбинација за настап на дербито во петтото коло од англиската
Премиерлига каде Манчестер Сити на домашен терен го пречекува Арсенал.
Шефот на
стручниот штаб на „Граѓаните“, Пеп Гвардиола ја отфрли можноста повредата на Де
Брујне да е од посериозен карактер, но, како и да е, тој не е сигурен колку
Белгиецот ќе отсуствува во периодот кој претстои.
„Јас не мислам
дека е нешто посериозно, но во наредните неколку натпревари тој нема да биде во
комбинација, ќе видиме ден по ден како ќе се одвива ситуацијата околу него“
појасни Гвардиола.
„Не можам да
прецизирам кога точно ќе се врати, односно колку натпревари ќе отсуствува,
бидејќи одговорот на тоа прашање ниту јас самиот не го знам“ додаде тој.
Добра вест за
навивачите на Манчестер Сити е секако враќањето на напаѓачот Серхио Агуеро кој
целосно се рехабилитираше по операцијата.