Арсенал е во
големи проблеми, освен резултатски, ситуацијата ескалираше и во ситуацијата
околу капитентската лента, а дека во Лондон им гори под нозе, дополнителна
отежнувачка вест беше шпекулацијата дека Пјер-Емерик Обамејанг се повлекол од
преговорите за нов договор и сака да си замине од клубот.
На Островот
пренесуваат дека „Топчиите“ веќе преговараат со асистентот на Пеп Гвардиола во
Манчестер Сити, Микел Артета, за да го наследи отпуштениот Унаи Емери на
клупата, каде во моментов како привремено решение е Фреди Љунберг.
37 годишниот
Артета собра големо искуство во соработката со Пеп Гвардиола, чиј асистент е од
2016. година по неговото пензионирање од фудбалот, а фудбалерот на англискиот
првак, Кевин Де Брујне тврди дека „Граѓаните“ би требало да му дозволат на
Артета да си замине, доколку тој донесе таква одлука.
„Тој ни помага
нас во голема мера, меѓутоа, доколку добие можност да стане прв тренер, а
истовремено да смета дека тоа е вистинско време за него за таков предизвик,
мислам дека клубот треба да му дозволи да си замине“ рече Белгиецот.
„Артета сака да
прерасне во добар тренер, претпоставувам, доколку не го посакува тоа, тоа е
негова одлука, но, зошто би бил во една таква ситуација и да тренира на таков
начин?“ додава Де Брујне.
„За мене малку е
тешко да ја објаснам ситуацијата, сепак, што и да посакате да сторите, треба да
го сторите тоа, доколку сакате да се развиете, ќе треба да ги искористите
приликите кои би ви се укажале, тој на одличен начин се снаоѓа во предизвикот,
претпоставувам дека еден ден ќе стане прв тренер, не знам кога, меѓутоа во
моментов му помага во голема мера на тимот, прави одлична работа“ заклучи ѕвездата
на „Граѓаните“.