Де Брујне експресно ја одбил првата понуда на Манчестер Сити за нов договор

by
1 минути читање

Актуелниот договор на Де Брајне со Сити е до 2023 година, но клубот сака што поскоро да потпише со фудбалерот нова соработка.

Де Брајне треба да биде една од легендите на Манчестер Сити како што се Винсент Компани, Кун Агуеро, Давид Силва… фудбалерот сака да остане на Етихад, но информациите велат дека бил незадоволен од првата понуда на клубот.

Тој кога ја видел понудата веднаш ја одбил, но се очекува наскоро Манчестер Сити да му достави нова, со подобри услови.

Иако на почетокот од преговорите постојат разлики меѓу двете страни, се очекува тие да бидат надминати и Де Брајне да стави потпис на нов договор.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани