80
Манчестер Сити беше блиску до потпис со Меси, но Барселона не го пушти Аргентинецот да замине. Сега се вели дека англискиот клуб се уште е заинтересиран и ќе го донесе Лео следното лето како слободен играч.
Главната ѕвезда на Манчестер Сити, Кевин Де Брајне, вели дека му е сеедно дали Меси ќе дојде во неговиот тим или не.
„Да бидам искрен, не ми е гајле. Доколку дојде, тоа ќе биде добро, доколку не дојде, тука има доволно добри играчи со кои уживам да играм“, вели Де Брујне на прашањето дали би сакал да дојде Меси.