Давид Силва потврди, по крајот на следната сезона заминува од Манчестер Сити

by
1 минути читање

33-годишниот Шпанец има 395 настапи за Манчестер Сити откако во 2010 пристигна во клубот, но следната сезона ќе биде негова последна.

„Не, оваа е последна“, одговори Силва на прашањето дали би останал и по завршувањето на следната сезона.

„Десет години се доволно. Ова е перфектно време за мене“.

Во март тој го продолжи договорот со Манчестер Сити за една година.

„Сити преговараше со мене за две години, но јас одлучив да потпишам на една, па да завршам по десет години поминати во клубот“.

„Тоа е комплетирање на циклус. Добра бројка е. Никогаш не можам да се видам со друг тим како играм против Сити. Десет години, доста е“.

Веројатно тој ќе ја напушти и Англија, можеби ќе се врати во Шпанија, а можеби ќе реши да ја привршува кариерата на друг континент.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани