Дарен Флечер се врати во Манчестер јунајтед

by
1 минути читање

Дарен Флечер кој 20 години беше дел од клубот, потекнува од академијата на Манчестер јунајтед и има преку 340 настапи за првиот тим во периодот од 2003 до 2015, сега повторно се враќа на Олд Трафорд.

„Манчестер јунајтед со задоволство може да соопшти дека Дарен Флечер ќе му се приклучи на стручниот штаб на првиот тим“, се вели во соопштението на Манчестер јунајтед.

Тој од октомври е во Манчестер каде беше тренер на тимот до 16 години, но сега добива унапредување и ќе биде дел од помошниците на Солшер.

Како играч Флечер со Манчестер јунајтед петпати ја освои Премиерлигата, еднаш ФА Купот, двапати Лига Купот, Лигата на шампионите и Светското клупско првенство, за шкотската репрезентација има 80 настапи.

„Низ вените на Дарен тече ДНК на Манчестер јунајтед и тој точно знае што значи да си фудбалер на овој клуб. Тој ја почнува неговата тренерска кариера и неговото искуство од теренот и надвор од него заедно со победничкиот менталитет, посветеноста и напорната работа ќе бидат големо засилување за стручниот штаб“, вели Солшер.

„Среќен сум што се враќам во клубот како еден од тренерите на првииот тим. Ова е возбудлив период за овој млад тим и гледам напред кон следните чекори во мојата тренерска кариера со работа со Оле и неговиот тим“, вели Флечер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×