Дани Алвеш: Не беше Барселона слаба, Јувентус беше многу силен!

by
1 минути читање

Шампионот на
Италија вчера се прикажа во одлично издание и со убедливи 3-0 ја фрли на
колена Барселона во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на Шампионите.

„Одигравме
одличен натпревар, цврсто и агресивно во одбрана
”
– вели Дани Алвеш.

„Не им оставивме простор да играат онака
како што сакаат, па многу им ја отежнавме работата
”.

„Победета се
должи на нашата сила, а не на слабостите на Барселона. Покажавме титански
перформанси, лавовски се боревме за овој резултат
”.

Дани Алвеш сепак
советува дека Јувентус не треба да се опушти и на реваншот мора да брка погодок
за да го завери плсманот во следната рунда.

„Треба да бидеме
претпазливи, сите видовме што му се случи на ПСЖ
”.

„Доколку одиграме
на ист начин и постигнеме гол, сигурно ќе го елиминираме овој феноменален
противник и ќе се пласираме во полуфинале
”.

„Нема да биде
лесно, но веруваме во нов успех
”.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×