87
Една од
селекциите која е фаворит во сенка за претстојното Светско првенство во Русија,
Белгија славеше висока и убедлива победа од 3-0 над Египет во синоќешната
контролка која ја одигра пред своја публика во Брисел.
Едно од
најпријатните изненадувања во квалификациите, Египет играше без првата своја
ѕвезда во тимот, Мохамед Салах, а головите за победничкиот табор ги постигнаа
Лукаку, Азар и Фелаини.
Токму Лукаку се
најде во центарот на вниманието по мечот откако доби доста интересно прашање на
пресконференцијата.
„Дали составот на
Белгија е подобар од тој на Манчестер јунајтед?“ гласеше прашањето, а
одговорот на напаѓачот беше брутално искрен и гласеше „Да“.
class="twitter-tweet" data-lang="en">