Единсон Кавани е
најдобриот стрелец во историјата на ПСЖ, но напаѓачот постојано се соочува со
пречки во својата авантура во Париз.
Тој долги години
се бореше со Златан Ибрахимовиќ за позицијата прв играч во форот и често мораше
да се жртвува за тимот и да игра како крило. Потоа дојде Нејмар, кој сака да
биде прва ѕвезда па Бразилецот и Уругваецот минатата сезона влегоа во конфликт
и се натегаа кој го има правото да биде прв пеналџија.
Голгетерот сега
има нов проблем, тој е изолиран од партнерите во нападот и едвај добива топки
од Нејмар и Килијан Мбапе.
Статистиката
покажува дека 25% од додавањата на Нејмар завршуваат до Мбапе, додека само 0,5%
се наменети за Кавани. Мбапе исто така многу повеќе комбинира со Нејмар и 31%
од давањата му одат кон Бразилецот, додека само 5% завршуваат кај Кавани.
На последниот меч
против Лион, Нејмар и Мбапе ниту еднаш не му подале на Кавани за 40 минути колку
што помина Уругваецот на теренот (беше жртвуван и заменет поради црвениот
картон на Кимпембе).
Според „Лекип“, Единсон Кавани се чувствува како
трето тркало, осамен и без поддршка. Весникот пишува дека напаѓачот е
поповлечен во споредба со минатото и не ги слави погодоците како што тоа го
правел претходно.
Од друга страна,
Нејмар и Мбапе одлично соработуваа како на теренот, така и надвор од него.
Двајцата можат да играат со затворени очи, и пред камерите постојано си делат
комплименти.