653
Раководството на Јувентус донело одлука за разделба со Масимо Алегри, а наскоро се очекува и официјално соопштение за тоа.
Многумина веруваа дека Антонио Конте ќе се врати во Јувентус, но „Скај Италија“ има други сознанија.
Реномираниот медиум тврди дека Конте е многу блиску до договор со Интер.
Поранешниот тренер на Челси е во ситуација да бира, понуди има од повеќе клубови, а дали ќе одбере преселба во Интер кај Бепе Марота или ќе се врати во Јувентус, останува да видиме во наредните денови.