Дали Икарди преку социјалните мрежи испрати порака до Интер? (ФОТО)

by
1 минути читање

На социјалните мрежи Икарди постираше слика од себеси со капа на која пишува „Фридом“ (слобода), фотографијата доби лајк од неговата сопруга и агент, Ванда Нара и од десниот бек на Јувентус, Жоао Кансело кој беше и негов соиграч во Интер.

Многумина овој негов пост го протолкуваа како испраќање на некаква порака околу својата иднина, можеби потврда на шпекулациите дека неговиот трансфер е веќе договорен.

Напаѓачот нема настап за Интер од кога клубот реши да му ја земе капитенската лента и тој одби да игра против Рапид Виена во Лига Европа.

Неговото отсуство официјално беше поради повреда на која тој се жалеше, но тестовите во Интер покажаа дека нема такво нешто.

Денеска беа пласирани шпекулации дека тој има веќе договорен трансфер во Јувентус, но и Наполи е во игра, тие му нудат огромна плата за да премине кај нив.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани