Дали Геце ја има болеста поради која Роналдо се пензионираше?

by
2 минути читање

24 годишниот
репрезентативец на „Панцирите“ оваа сезона често има ситни повреди, па
лекарскиот тим на Борусија Дортмунд решил да направи детално испитување и да
утврди која е причинаа за овие проблеми.

Резултатите
покажале дека Марио Геце има пореметен метаболизам, па играчот неодредено време
ќе биде надвор од терените.

„Милонерите“ не
откриваат повеќе детали а играчот истакна дека веќе почнал да прима терапија и
најави дека наскоро ќе му се врати на фудбалот.

Дел од медиумите
шпекулираат за тоа какви се проблемите на Германецот.

Некои пишуваат
дека Марио Геце ја има истата болест како на „Феноменот“ Роналдо, односно
проблеми со штитната жлезда поради кои Бразилецот реши да се пензионира.

„Пред четири
години, во Милан, ми открија проблеми со штитната жлезда, и тоа предизвикува да
имам поспор метаболизам
– објасни Роналдо кога се збогуваше од фудбалот.

„За да ја
контролирам болеста, треба да земам хормони кои не се дозволени во фудбалот и
се сметаат за допинг
.

„Многумина можеби
сега жалат што се шегувале за мојата тежина, но јас не им замерувам
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани