236
На 11. март, Ливерпул го пречека Атлетико во реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите. И покрај тоа што во Шпанија коронавирусот земаше се поголем замав, 3.000 навивачи од Мадрид отпатуваа на „островото“.
Тајмс сега објави студија направена од „Еџ хелт“ и анализа на бројките од Националната здравствена служба на Велика Британија (НХС).
Весникот пренесува дека пресметката на Енфилд придонела за најмалку 41 смртен случај од коронавирусот во Велика Британија, па одлуката да се игра пред полни трибини била погрешна.
Само неколку дена по овој натпревар, фудбалот беше стопиран низ најголемиот дел од Европа.