Чудна клаузула, Манчестер јунајтед на Кавани ќе треба да му плати 2 милиони евра доколку не му го продолжи договорот

by
1 минути читање

Во последниот ден од летниот преоден рок, Единсон Кавани пристигна на Олд Трафорд. Тој стави потпис на едногодишен договор, со опција за уште една додатна година.

Неодамна Оле Гунар Солшер изјави дека тие се задоволени од Уругваецот и ќе дискутираат за продолжување на соработката.

„Можам само да кажам дека на Единсон му оди добро, импресиониран сум од него, одлично се вклопи во тимот и ќе седнема да разговараме, да видиме какви се неговите планови и да му ги презентираме нашите“ – порача Норвежанецот.

Се очекува двете страни да седнат на маса во следните месеци, а ЕСПН сега открива нови детали и чудна клаузула.

Доколку „ѓаволите“ решат да се разделат летоска со Единсон Кавани, ќе треба да му исплатат 2 милиони евра како компензација за тоа што нема да бидат активирана опцијата да се продолжи договорот за нови 12 месеци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани