Белорускиот
прволигаш Динамо Брест продолжива со своето „шоу“ на своите натпревари пред
домашна публика откако клубот доведе и чирлидерки, а освен тоа, на трибините
може да се забележат и „лажни“ навивачи.
И покрај
стравувањата од коронавирусот, фудбалот во Белорусија и натаму се игра, тој не
е суспендиран како во останатите шампионати во Европа, всушност белоруската
фудбалска лига е единствената која во моментов се игра на европско тло.
Минатогодишниот
првак на Белорусија, Динамо Брест најде начин како да ги пополни празните столчиња
на трибините, поради тоа што многу навивачи се одлучија да останат во своите
домови поради Ковид-19, па така бележиме „лажни навивачи“ на трибините.
Всушност станува
збор за една доста интересна идеја на клубот, се клупуваат виртуелни влезници
за натпреварите преку интернет, а потоа нивните лица се ставаат на маски кои се
распоредени на трибините, а сите пари кои се собираат на ваков начин одат како
донација во борбата со коронавирусот.


