Челси заработи четирикратно, Манчестер јунајтед го потврди првото засилување

by bojan
1 минути читање

„Ѓаволите“ попладнево соопштија дека го ангажирале Андреј Сантош од Челси во зделка вредна околу 50 милиони фунти.

Андреј Сантош е првото засилување за Мајкл Керик ова лето, Бразилецот ќе треба да го наследи својот сонародник Касемиро.

„Ѓаволите“ ги имаа Матеус Фернандеш од Вест Хем и Сандро Тонали од Њукасл на врвот на листата со желби, но откако двајцата го избраа Тотнем, фокусот беше насочен кон други цели и за брзо време падна договор со „сините“ за трансфер на Андреј Сантош вреден околу 50 милиони фунти.

„Да станеш дел од Манчестер јунајтед е не што посебно. Ова е клуб за кој настапувале некои од моите најголеми фудбалски идоли и огромна чест е што сега сум дел од него. Како фудбалер од средниот ред, прилично сум возбуден што ќе работам со Мајкл Керик, верувам дека тој е вистинскиот тренер кој ќе ми помогне да напредувам и да го достигнам следното ниво во кариерата“ – вели Бразилецот.

За Челси ова ќе биде одлична зделка, клубот од Стемфорд Бриџ ќе заработи четирикратно откако инвестираше околу 13 милиони фунти за ангажман на Андреј Сантош во 2023 година.

ФОТО: X/Manchester United

Можно е и ова да ти се допаѓа

×