Тренерот на Челси, Енцо Мареска жестоко им одговори на сите оние кои го критикуваа неговиот тим откако „сините“ со триумф на гостувањето кај Нотингем Форест сам си обезбеди настап во Лигата на шампиони.
Синоќа во последното коло во Премиерлигата кулминираше битката за топ 5 пласман и позициите кои водат во Лигата на шампиони – Манчестер Сити, Челси, Њукасл, Астон Вила и Нотингем Форест атакуваа на три места.
Нотингем Форест и Челси решаваа во меѓусебна пресметка, „сините“ славеа со 0-1 и сами си ја решија судбината и пласманот во најелитното европско натпреварување.
Па на Енцо Мареска му падна камен од срце и тренерот на Челси испрати зајадлив коментар до сите оние кои го критикувале неговиот тим.
„Никогаш не се сомневав во играчите, сомнежите доаѓаа однадвор“ – вели Италијанецот.
„Оние сезнајковци кои мислат дека ги знаат сите одговорите, или пак сметаат дека ја имаат вистината“.
„Зборуваа дека сме премногу млади, дека не сме доволно добри и дека ќе чекаме кикс на Астон Вила за да се пласираме во Лигата на шампиони.
„Зборуваа дека нема да победиме на гостувањето кај Нотингем Форест зошто не сме имале доволно искуство“.
„Но, за жал по нив – сите тие погрешија. Па сега можат да од*бат! Играчите го заслужија ова, направија фантастичен напор“.
ФОТО: X/Chelsea