10
Англискиот гигант Челси го договори трансферот на аргентинскиот фудбалер Валентин Барко од француски Стразбур, клуб кој е дел од истата сопственичка структура под „БлуКо групацијата“.
Новинарот Фабрицио Романо објави дека сите детали се договорени, а Барко се приклучува на лондонскиот тим, кој ќе биде под водство на тренерот Чаби Алонсо од 1 јули годинава.
Според информациите, трансферкот на Барко ќе изнесува околу 30 милиони евра, а Аргентинецот ќе стави потпис на шестгодишен договор.
Аргентинецот оваа сезона воодушеви со неговите настапи во дресот на Стразбур, односно на 43 настапи во сите натпреварувања постигна три голови и девет асистенции.