Челси и Наполи прават спектакуларна трампа?!

by bojan
1 минути читање
Осимен

Медиумите од Италија пишуваат за можноста Челси и Наполи да ги разменат Ромелу Лукаку и Виктор Осимен, „сините“ ќе треба да доплатат и значителна сума на пари.

Антонио Конте се најавува како нов тренер на Наполи и се пишува дека стратегот го поставил Ромелу Лукаку како примарна цел за засилување на нападот.

Челси подолго време пројавува интерес за услугите на Виктор Осимен, па сега се шпекулира за спектакуларна трампа.

Со оглед на тоа дека има огромна разлика во вредностите на Ромелу Лукаку и Виктор Осимен, „сините“ ќе треба да доплатат значителна сума на пари.

Според Газета дело Спорт, Челси ќе треба да искешира помеѓу 80 и 90 милиони евра за да се комплетира зделката.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани