Челси извојува значајна победа во трката за Лигата на шампионите, откако на „Стемфорд Бриџ“ со 1-0 го совлада Манчестер Јунајтед во дербито од претпоследното коло во Премиер лигата.
Натпреварот започна со поништен гол на Хари Мегваер поради минимален офсајд, по што Рис Џејмс ја погоди стативата и најави дека „сините“ се сериозни. Имаше возбудувања на двете страни, се закануваа Палмер, Фернандез и Маунт, а ВАР во вториот дел поништи и пенал за Челси.
Клучниот момент се случи во 71. минута, кога Марк Кукуреља го постигна единствениот гол на мечот, по убава акција и асистенција од капитенот Џејмс.
До крајот немаше промена на резултатот, па Челси стигна до 66 бодови и останува во игра за топ 4. Јунајтед, пак, продолжува со разочарувачка форма и се наоѓа на 16. позиција.